Вредноста на глобалната трговија се очекува да падне за 7% до 9% во 2020 година во однос на претходната година, и покрај знаците на опоравување предводено од Кина во третиот квартал, се вели во извештајот на UNCTAD, организацијата за трговија на Обединетите Нации.
Ниту еден регион не бил поштеден од падот од 19% на светската трговија во вториот квартал, бидејќи пандемијата на Ковид 19 доздаде големи економски пореметувања на глобално ниво, соопшти UNCTAD.

Глобалната трговија се опорави во третиот квартал, кога падот изнесуваше околу 4,5% отколку во истиот период минатата година.

„Трговијата со опрема за работа од дома и медицински материјали е зголемена во третиот квартал, додека пад имаше во автомобилскиот и енергетскиот сектор“, велат од UNCTAD.
Растот во секторот текстил беше исто така силен.

Прелиминарната прогноза предвидува пад од 3% во чектвртиотквартал, но во извештајот се вели дека неизвесностите опстојуваат во зависност од тоа како ќе се развива пандемијата.
Ако пандемијата повторно се засили во наредните месеци, тоа може да доведе до влошување на средината за креаторите на политики и нагло зголемување на политиките за ограничување на трговијата, се вели во извештајот.

Извозот на Кина зајакна силно во третиот квартал со раст од скоро 10% во однос на минатата година. Кинеската побарувачка за увезени производи се опорави исто така, спротивно на другите големи економии.

Претходно овој месец Светската трговска организација (СТО) ја надгради својата прогноза за трговија со стоки заради подобрувањата од јуни и предвиде пад од 9,2% за 2020 година.
Но, во 2021 година се виде повратен удар, со натамошни блокирања од вториот бран на инфекции со КОВИД-19 што претставува јасен ризик за глобалната трговија.