Египетските власти веќе втор ден вложуваат силни напори за да го одблокираат сообраќајот низ Суецкиот канал кој бeшe блoĸиpaн, откако Еvеr Gіvеn, еден oд нaјголемите контејнерски бродови во светот беше заглавен во преминот за време на силната бура во вторникот.
Со оглед дека е блокиран целиот сообраќај на една од најпрометните артериски испораки во светот веќе има прогнози дека тоа создава големи штети за светската трговија.
Bloomberg проценува дека штетите изнесуваат до 10 милијарди дневно,. базирајќи се податоците од Lloyd’s според кои дневниот сообраќај во западна насока се проценува на 5,1 милијарди долари, а тој насочен кон источна страна на 4,5 милијарди долари. Но, тоа се само груби проценки, а релните штети можат да бидат и поголеми.
Според податоците, повеќе од 180 бродови од различни категории чекаат да го поминат каналот долг 120 милји, кој го поврзува Црвеното Море со Средоземното Море. Дури и ако блокадата се отстрани брзо, извршните директори на транспортните поморски компании очекуваат последиците од инцидентот да траат со денови, создавајќи нова точка на притисок во глобалните синџири на снабдување, кои веќе се под силен притисок.
Суецкиот канал е витална трговска рута за бродови што превезуваат нафта и природен гас, бродовите кои превезуваат жито, но и за бродовите со контејнери кои превезуваат произведена стока како што се облека, електроника и тешка механизација од Азија во Европа и обратно.
Околу 19.000 пловни објекти го преминале Суецскиот канал во 2020 година, според Управата на каналот Суец. Околу 39 бродови дневно го транзитираат Суецкиот канал во просек, според трговската група на поморската индустрија Бимко.
Бродот Ever Given, кој е долг 400 метри има капацитет да превезува 20 илјади контејнери.