Светска банка ја зголеми прогнозата за светскиот економски раст, оценувајќи дека оваа година тој ќе изнесува 2,6%, поддржан од растот во САД.
Тоа е повеќе од глобалниот раст од 2,4% за 2024 година што Светската банка го предвиде во претходната прогноза во јануари. Таа предвидува дека економскиот раст во светот годинава ќе биде ист како во 2023 година, односно 2,6 %.
Банката предупреди дека растот е сè уште бавен според минатите стандарди и дека најсиромашните земји се борат под тежината на високите долгови и високите каматни стапки, како и дека зголемените трговски бариери го загрозуваат просперитетот ширум светот.
Војните во Украина и Газа извршија дополнителен притисок врз регионалните економии, оценува Светска банка.
Посилниот од очекуваниот раст на САД, најголемата светска економија, придонесе за 80% за зголемените изгледи за глобален раст на Светска банка.
Светската банка сега предвидува дека американската економија ќе порасне за 2,5% во 2024 година, исто како и во 2023 година, но значително повеќе од 1,6% што Банката ги предвиде во јануари.
Економијата на САД порасна за само 1,3% во периодот јануари-март, што е најбавен раст во речиси две години, а Ачан Косе, заменик главен економист во Светската банка, изјави дека американската економија, се покажала неверојатно отпорна на високите каматните стапки воведени од страна на американската централна банка ФЕД и другите централни банки за да се ограничи инфлацијата која почна да скока во 2021 година.
Сепак, дури и по ревидираната нагорна прогноза за раст, глобалниот раст изгледа бавен, половина процентен поен под просекот 2010-1019 година. години.
Инфлацијата значително опадна, од 7,2 отсто во 2022 година на 4,9% минатата година и со прогноза од 3,5% во 2024 година, но сепак е над границата каде што централните банки би сакале да ја видат. Ова значи дека креаторите на политиката на централната банка може да бидат претпазливи во врска со намалувањето на каматните стапки од денешните високи нивоа.