„Mondelez International“ (Монделез Интернешнл), светскиот гигант за пакувана храна, познат уште по колачињата Орео и Риц крекерите ја купи грчката компанија Chipita (Чипита) за 2 милијарди долари.

Компанијата Chipita со седиште во Атина, Грција е една од најбрзорастечките компании за храна во светот и лидер на пазарот на благи и солени закуски и ужини во Централна и Источна Европа. Лани компанијата остварила приход од околу 580 милиони долари, вработува околу 5.100 работници, произведува во 13 фабрики, а нејзините производи се испорачуваат во повеќе од 50 земји. Во нејзиното портфолио на производи се и многу познати брендови како што се 7Days, Chipicao и Fineti.
Rothschild & Co. ја советувал Chipita за оваа голема бизнис зделка.

Mondelez ќе го финансира преземањето со комбинација на нов долг и готовина.
Аквизицијата го проширува присуството на Mondelez на пазарот на закуски и спакувана храна, чија побарувачка за време на пандемијате значително се зголеми побарувачката за спакувана храна. Со ова преземање, светскиот гигант Mondelez значително ќе го зголеми своето присуство во регионите на Централна и Источна Европа.