Секој четврти мал британски извозник прекинал со извоз во Европската унија поради бирократија по Брегзит, се нагласува во анализа објавена од Блумберг.
Анализата на Federation of Small Businesses нагласува дека напуштањето на ЕУ нанесува штета за економијата која ионака е доволно погодена од пандемијата.
Според официјалните податоци, извозот и увозот се силно намалени откако Лондон се повлече од Унијата на 31 декември лани.
“Додека поголемите компании располагаат со ресурси за да ги надминат тешкотиите, помалите трговци се борат да добијат одговор дали извозот во ЕУ е доволен за напорите што ги праватЌ, изјави Мајк Чери, шеф на Федерацијата.
Во анализата се додава дека 23% од трговците извозници времено ја запреле продажбата на клиенти од ЕУ, а уште 4% одлучиле да ја запрат трговијата за постојано откако новите правила влегоа во сила од почетокот на годината.
Πoгoлемиот дел oд тpгoвцитe биле зaceгнaти oд зaбaвување нa пpaтĸите или зaгyби нa cтoĸи и повеќето го осмислуваат присуството во ЕУ, зa дa го олеснат пpoцecот на извоз, cпopeд пpoyчвaнeтo нa околу 1.500 фиpми.