Очекувањата на германските производители во поглед на извозот се влошени во февруари, што е втор месец по ред, Институтот за економски истражувања Ifo.
Според Извештајот, само производителите на храна, пијалоци и тутун очекуваат значителен раст на нивниот извоз во наредните месеци.
Производителите на автомобилската, хемиската и машинската индустрија очекуваат пад на извозот.
„Германскиот извоз во моментов не напредува“ ,истакна претседателот Клименс Фуест.
Очекувањата за извоз на Ifo се засноваат на околу 2.300 месечни извештаи од производители од кои се бара да ги пријават своите очекувања за извоз за следните три месеци.