Продажбата на мало во еврозоната бележи намалување во септември, покажаа најновите податоци, нагласувајќи ја слабата побарувачка на потрошувачите и изгледите за рецесија.
Канцеларијата за статистика на Европската унија, Еуростат, соопшти дека продажбата на мало во 20-те земји кои го делат еврото паднала за 0,3 % месечно и за 2,9% на годишно ниво во септември.
Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа пад од 0,2% во месецот и 3,1% од претходната година.
Месечниот пад беше предизвикан главно од остриот пад на продажбата на непрехранбени производи, вклучително и онлајн продажбата, од кои и двете се намалија за 1,9% во однос на август. Продажбата на автомобилски горива исто така е намалена за 0,9%.
Продажбата на гориво на годишно ниво исто така драстично опадна, како и купувањето преку Интернет.
Економијата на еврозоната се намали за 0,1% во третиот квартал, покажаа податоците минатата недела, а истражувањето на клучните менаџери за набавки покажа дека четвртиот квартал започнал лошо.
Во ЕУ, обемот на трговијата на мало бележи пад од 1,8% кај непрехранбените производи во септември, додека кај автомобилските горива е зголемен за 0,1% и кај храната, пијалоците и тутунот за 1,3% во однос на претходниот месец.
Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо месечно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Словачка (-2,0%), Шведска (-1,1%), Германија и Холандија (и двете -0,8%). Највисоки зголемувања се забележани во Словенија (+1,1%), Полска (+1,0%) и Данска (+0,9%).
На годишна основа, обемот на трговијата на мало е намален за 6,9% кај автомобилските горива, за 3,2% кај непрехранбените производи и за 0,9% кај храната, пијалоците и тутунот во ЕУ.
Најголемо годишно намалување на вкупниот обем на трговија на мало е забележано во Словенија (-17,0%), Белгија (-8,4%) и Унгарија (-7,3%). Највисоки зголемувања се забележани во Шпанија (+7,5%), Кипар (+4,1%) и Луксембург (+2,6%).