Имајќи ја предвид вонредната состојба прогласена во земјата, банките го прифаќаат предлогот на Владата за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките со цел обезбедување на царински долг за сите царински постапки.
Македонската банкарска асоцијација (MBA) и официјално ги известила Владата и Царинската управа дека банките членки го прифаќаат предлогот за продолжување на рокот на важност на гаранциите кои се издаваат од банките чиј рок на важност истекува до 30.06.2020 година и секоја од нив интерно ќе го утврди начинот на кој ќе ја поднесе согласноста до Царинската Управа.
По согласноста на банките, Царинската управа по службена должност ќе го продолжи важноста до 30.06.2020 година или 30.09.2020 година.
Од МБА напоменуваат дека четири гаранции на Охридска банка АД Скопје се издадени врз основа на примени контрагаранции од странски банки и за истите продолжувањето ќе биде условено од обезбедување на продолжување на рокот на контрагаранциите од банките примарни издавачи.