Словенечкиот производител на акумулатори ТАБ со седиште во Межица, основа заедничка компанија ТАБ-Хаиди со кинески партнер за започнување на производството на литиум-јонски батерии. Производството се очекува да започне на пролет 2022 година во зграда што ја купија од фармецевстката компанија лек, во Преваље, пишува словенечко Delo.
Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а во Таб-Хаиди се очекува да се вработат околу 300 лица во првата фаза.
Директорот на ТАБ, Богомир Ауприх вели дека преговорите со азискиот партнер, високотехнолошката компанија Haidi Energy Technology, со седиште во провинцијата Шандонг, траеле две години. “Таа е водечки производител на литиум-јонски батерии во Кина, што ќе придонесе со технологија, знаење и развој на фабриката во Словенија. Кинескиот партнер ќе има удел од 26% во заедничкото вложување Таб-Хаиди. ТАБ, пак, ќе придонесе со производствените капацитети, опрема, обртни средства и ќе се грижи за тековните активности на компанијата за заедничката фабрика”, објаснува Ауприх.
Со почетниот производствен капацитет, фабриката во Преваље ќе биде меѓу помалите фабрики од ваков вид што во моментов се градат во Европа.
“Со оваа инвестиција, ќе се качиме на возот, во кој се качуваат и нашите конкуренти. Покрај новиот пазар, групацијата ТАБ ќе обезбеди понатамошен развој, зголемување на приходите и подобрување на профитабилноста”, рече Богомир Ауприх, директор на групацијата.
Ауприх проценува дека глобалниот пазар на батерии вреди околу 100 милијарди долари, а околу 40 до 50 милијарди сè уште се трошат на батерии со олово-киселина, додека уделот на литимско-јонските батерии на пазарот стабилно расте.
ТАБ најавува можност за проширување на производството на литиум-јонски батерии во иднина во Преваље или во Македонија, каде што веќе имаат подружница во Прошбиштип. Словенечки ТАБ е сопственик на фабриката за акумулатори ТАБ МАК во Пробиштип, која е меѓу најголемите извозници од Македонија.
Но, не ја исклучуваат можноста за проширување во Италија или Шпанија, каде што исто така имаат свои компании.
Новата фабрика во Словенија може да се надева на кофинансирање од Министерството за економија на Словенија во износ од максимум 25% од вредноста на инвестицијата според Законот за унапредување на инвестициите, додека од Министерството за труд на помош за преквалификација на работната сила. „Државната помош е добредојдена, инаку проектот не смее и не може да се потпре на државната помош“, рече Аупри.
Минатата година продажбата на групацијата ТАБ падна од 337 милиони евра во 2019 година на 299 милиони евра поради епидемијата со Ковид-19. Добивката на компанијата падна од 26 на 22 милиони евра.