На предлог на раководството, Надзорниот одбор на Словенске Железници (СЖ) даде согласнос за стратешкото партнерство во областа на товарниот транспорт и логистика со чешката холдинг компанија од EP Holding, со седиште во Прага, објавува словенечкиот весник Delo, повикувајќи се на официјално соопштение од словенечката железничка компанија.
EP Holding е една од водечките енергетски компании со актива од
16,7 милијарди евра, 8,6 милијарди евра приходи од продажба и профит од 2,1 милијарди евра пред амортизација и камата.
Но, логистиката во портфолиото на чешкиот холдинг добива се поголема важност. Компанијата EPLI, која е задолжена за логистиката во холдингот, сака да ја развива оваа дејност во регионот на Југоисточна Европа заедно со Словенске Железнице.
EP Holding е избран според транспарентна постапка, која Словенске Железнице ја спроведува со надворешни консултантски компании од 2017 година, во рамки на која Словенците бараа стратешки партнер за подружницата на товарен транспорт SZ Tovarni promet.
Словенечки железници и EP Holding заеднички ќе создадат нова компанија, во која соодносот на сопственоста ќе биде 51% во корист на Словенците, а 49% во сопственост на Чесите.
Целта на стратешкото партнерство е да се создаде водечка логистичка компанија во Југоисточна Европа, која ги вклучува Словенија, Северна Италија, Австрија, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Романија, Србија, Северна Македонија и остатокот од Балканот.
Главните финансиски цели на новата компанија се двојно зголемување на профитот и 50% раст на приходите во период од пет години.
Чешката EP Holding e сопственик е на мрежа на електрани и компании за ископ на јаглен низ цела Европа, вклучително Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Италија и Германија. Бизнисот на групацијата исто така вклучува и неколку логистички компании обединети во компанијата EP Logistics International (EPLI), која обезбедува активности во железнички, патен и интермодален превоз.
EP Holding е во сопственост на чешкиот мијилардер Даниел Кретински и е најголема . енергетска компанија во Централна Европа, со мрежа на електрани и компании за ископ на јаглен низ цела Европа, вклучително Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Италија и Германија. Бизнисот на групацијата исто така вклучува и неколку логистички компании обединети во еден субјект – EP Logistics International. Вториот обезбедува активности во три области: железнички, патен и интермодален превоз.
Железничкиот сегмент на EPLI, се состои од EP Cargo, еден од најголемите оператори на железнички товари во Чешка, со подружници во Полска и Германија, како и компанијата за изнајмување на лизинг на локомотиви Loko Train.