Во пандемиската 2020 година, Словенија извезла стока во вредност од 32,9 милијарди евра и увезла стока во вредност од 32 милијарди евра.
Покриеноста на увозот со извозот на Словенија лани изнесувала 102,7%, додека суфицитот во надворешната трговија изнесува 900 милиони евра, што е втор по големина суфицит во последните десет години, покажуваат податоците на Националниот завод за статистика .

 >>> Колку за споредба, Македонија со приближно ист број жители и иста територија, има пет и пол пати помал извоз. Минатата 2020 година македонскиот извоз се намали за 10%, на 5,77 милијарди евра, со трговски дефицит во трговијата со странство од 1,8 милијарди евра. <<<

Вредностите и на извозот и на увозот беа пониски отколку во 2019 година. Извозот на Словенија во 2020 година бележи пад од 2%, а увозот бил за 6% помал отколку во 2019 година.
Извозот е намален главно како резултат на падот на трговијата со земјите-членки на ЕУ, додека вредноста на трговијата со земјите надво род ЕУ бележи зголемување.

Извозот во Германија и Швајцарија најмногу се зголемил минатата година, додека паднал на Италија и Франција.
Според вредноста, извозот на стоки од групата медицински и фармацевтски производи се зголеми најмногу, придонесувајќи најмногу за вкупната вредност на извозот.
Покрај нив, најголемо учество во вкупниот извоз во 2020 година имаа и производите од групата патни возила.

Увозот, исто така, се намали како резултат на намалената трговија со земјите-членки на ЕУ, додека, слично како и извозот. Од главните трговски партнери, увозот од Швајцарија и Кина се зголемил најмногу, додека увозот од Австрија, Италија и Хрватска се намалил во споредба со 2019 година.

 

Извор: Delo.si