Работењето на германските производители на автомобили и на нивните добавувачи бил многу подобар во мај во споредба со претходниот месец, при што индексот на деловна состојба во таа индустрија од 23,7 поени во април скокна на 36,6 поени во мај, покажува студијата на германскиот економски институт IFO .
Тоа е највисоко ниво на овој индикатор од септември 2018 година, се наведува во соопштението на институтот од Минхен.
“Тековното работење е сè уште многу добро, но мрачните облаци почнуваат да се појавуваат хоризонтот, веројатно заради недостигот на чипови – метафорично ја опишува деловната клима во германската автомобилска индустрија Клаус Волрабе, раководител на истражувањето на ИФО.
Оптимизмот на менаџерите на автомобилски компании од изминатите неколку месеци сега испарува, што е илустрирано со фактот дека соодветниот индикатор падна од плус 23,2 поени во април на минус 1,4 поени во мај, на најниско ниво од мај 2020 година.
“Растот на побарувачката не беше толку силен како неодамна – додава Волрабе. Тој показател падна од плус 40,2 поени во април на плус 4,7 поени во мај. Соодветно на тоа, растот на фабричките нарачки падна од 42,1 поени во април на 20,9 поени.
Како одговор на ваквите трендови, индустријата планира да го забави производството, со показател за идното производство од плус 42 поени на 9,7 поени.
Очекувањата за извоз исто така нагло се спуштија на плус 0,2 поени од априлското ниво од 28,6 поени.
Што се однесува до работната сила во овој сектор, работите сè уште изгледаат лошо бидејќи плановите на компаниите сè уште не исклучуваат можни отпуштања. Овој индикатор малку се намали на минус 30,2 поени во мај од минус 29,4 поени претходниот месец април.