ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2020

 

Специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 

Шампионите на македонската економија!

 

Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го издаде специјалното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ, во кое се објавува рангирање на најголемите извозници во Р.С.Македонија, рангирани според извозот, односно приходите од продажба на стоки на странски пазари остварени во изминатата 2019 година.
Станува збор за проект кој има за цел да придонесе кон подигање на свесноста на јавноста и носителите на економските политики за важноста на извозот и потребата од градење на силна институционална поддршка на извозните компании, со цел  остварување на повисок економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.


Bо изданието Топ 100 Извозници може да прочитате и повеќе интервјуа со најголемите извозници од различни индустрии, секторски анализи на најважните извозни индустрии, колумни, предвидувања и понуди на производи и услуги за извозните компании од банките и финансиските институции, колумни…

Фокусот на годинешната едиција Топ 100 Извозници е ставен на мерките и економските политики кои се потребни за да се поддржи извозот за побрз економски раст во периодот на пост Ковид 19 заздравување.
Доколку сте заинтересирани да набавите примерок од едицијата Топ 100 Извозници,  тоа можете да го направите преку следниве мејл адреси: marketing@izvoz.mk или contact@izvoz.mk.
Цената на еден примерок од изданието Топ 100 извозници во печатена форма на 76 страници во високо квалитетен печат е 500 денари.