Со извоз на пиперки во вредност од 18,2 милиони долари во изминатата 2020 година, Македонија е 25-ти најголем извозник во светот и втор најголем извозник на пиперки во регионот, зад Грција, покажуваат податоците на Worldtopexports.
Иако вредноста на извозот на пиперки се уште се скромни, податоците покажуваат дека извозот бележи постојан раст во последните десетина години.
Извозот на пиперки од земјава минатата 2020 година година бележи раст од 6% во споредба со претходната 2019 година. Податоците покажуваат дека извозот бележи постојан раст во последните неколку години. Така, во споредба во 2017 година, кога извозот на пиперки изнесувал 10,3 милиони евра, извозот е зголемен за 77% или за околу 8 милиони долари.
Кои се најголеми извозници на пиперки?

Најголем извозник на пиперки во светот е Мексико со извоз вреден 1,5 милијарди долари или дури 23,9% од вкупниот извоз на пиперки во светот минатата година.

Шпанија е втор најголем извозник со извоз од 1,4 милијарди долари или 22% од вкупниот извоз. Следат Холандија со извоз од 1,4 милијарди долари, Канада со извоз од 504,5 милиони долари и САД со извоз на пиперки од 267 милиони долари во изминатата година.
Во регионот, пак, најголем извозник на пиперки е Грција со извоз вреден 31,5 милиони долари, според што е 18-ти најголем извозник во светот. Македонија со извоз од 18,2 милиони долари е на 25 место, а следат Албанија со извоз од 16,63 милион идолари (27.), Бугарија со извоз од 10,3 милиони долари (31.) и Србија со извоз од 6,6 милиони долари (33.).