Србија минатата година ја заврши како најголем извозник на вишни во светот, гледано според количината на продадени вишни на светските пазари. Но, во однос на вредноста на извозот, Србија е четврт најголем извозник на вишни. Иако САД и Канада извезле помали колични на вишни од Србија, тие успевале да ги продадат вишните по десет пати повисока цена.
Статистичките податоци покажуваат дека Србија минатата година извезла 14.225 тони цреши. Унгарија е второ место со извезени 10.322 тони вишни, следат Полска со извоз од 5.210 тони, САД со 3.176 тони.
Унгарија ги продавала вишните со по цена повисока за околу 50% во споредба со просечната извозна цена од Србија од околу 70 динари за килограмили 570 евра за тон.
Србија успеала да продаде најголема количина вишни во Русија, која е зголемена за 6,2 пати лани во споредба со 2012 година, а се извезувале и во Германија, БиХ, Австрија, Италија и Романија.
Србија е шети најголем производител на вишни во светот, после Русија, Украина, Полска, Турција и САД.
Извор: Мakroekonomija.org