Србија размислува да воведе царини на увозот на овошје и зеленчук

За да ги заштити домашните земјоделски производители, особено производителите на зеленчук и овошје, Србија планира да воведе царини на увоз на овошје и зеленчук, пишува српскиот весник Вечерње новости.
Ова би значело, наведува весникот, дека компаниите ќе плаќаат дополнителен надомест за увоз на овие стоки.  Меѓутоа, не е познато дали дополнителната давачка би се однесувала на сите зеленчуци и овошја или само на оние кои се произведуваат во земјата.

Како што за Новости изјавил министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, оваа одлука сè уште не е донесена, но може да се донесе во наредните денови.

Деновиве, српските земјоделци, а особено производителите на раноградинарски култури, имаат големи проблеми со пласманот на сезонскиот зеленчук. Бидејќи државата ги затвори пазарите, пласманот на зелената салата, тиквичките, ротквиците, кромидот и другиот сезонски зеленлук до потрошувачите е тежок и скоро невозможен.

Според некои проценки повеќе од 50% од овие зеленчуци ќе пропаднат, бидејќи не може долго да стои, ниту да се чува во ладилници.

“Aпсолутно сижум за воведување дополнителни царини за увозот на овошје и зеленчук, доколку тоа го заштити домашното производство и српскиот земјоделец”, вели Милан Простран, агроекономист за Новости.

Воведувањето на прелевмани за увоз на одредени нема да биде првпат во Србија. Во 2015 година Србија воведе царински давачки за увозот на млеко, млечни производи и свионско месо со це да ги спречи пореметувањата на домашниот пазар кога на европскиот пазар се создадоа вишоци кои се извезуваат, а Србија сакаше да го заштити домашниот пазар. Кон крајот на 2016 година овие давачки беа укинати во најголем дел по притисок од страна на ЕУ.

Доколку Србија одлучи да воведе царини за увоз на земјоделски производи, овој потег би предизвикал реакции од многу земји бидејќи би значел прекршување на веќе постојните договори за слободна трговија.
Србија е еден од најголемите извозни пазари и за македонскиот зеленчук и овошје.