Бројот на издадени работни дозволи на странци во Србија во текот на изминатата 2021 година е најголем од стапувањето во сила на Законот за вработување на странци пред седум години. Додека домашните работници, магистри и висококвалификувани, брзаат да работат во странство, Кинезите, Турците и Русите се почесто доаѓаат во Србија да работат.
Од почетокот на годинава, заклучно со 31 јануари, во Србија се издадени околу 1.709 работни дозволи на странски државјани. Минатата година, подружниците на Националната служба за вработување (НСВ) издале 23.662 работни дозволи на странци, што е значително поголем број дозволи, речиси двојно зголемени, во споредба со 2020 година, кога легално се вработиле околу 12.900 странци во , пишува Политика.
Кога станува збор за работодавачите, најголем дел од работниците биле вработени кај работодавци од Белград. Странските работници, инаку, најчесто доаѓаат на работа во Србија се од од Кина, Турција и Русија, но и од Индија, Украина, Италија, БиХ, Црна Гора, Хрватска… Не е занемарлив бројот на странски работници од Албанија и С.Македонија. .
Податоците покажуваат дека минатата година во Србија работеле речиси три пати повеќе Македонци – 483 имале работни дозволи, додека убедливо најмногу, 9.379 биле издадени работни дозволи на кинески државјани. Околу 1.370 Руси дошле на работа во Србија.
Иако расте бројот на работници од странство, сепак Србија се соочува со голем недостиг од домашна работна сила.
„Точно е дека немаме доволно наши работници, па принудени сме да вработуваме странци, за што сведочи и статистичкиот пораст на странците на српскиот пазар на труд во однос на 2020 година. Кина, Русија, Индија и Турција се земјите од кои прво доаѓа странската работна сила. Но, повеќето од овие работници, главно донесени од инвеститори, поточно од нивните кооперанти, сè уште работат на црно. Затоа истите тие инвеститори треба да знаат кои им се подизведувачите и дали работниците што ги носат се пријавени, дали имаат дозвола за престој и работа. “, објаснува претседателот на Синдикатот на градежните работници на Србија, Саша Торлаковиќ.