Во првото тримесечие годинава, Србија оствари реален раст на бруто домашниот производ (БДП) од 5% во однос на истиот период во 2019 година, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Гледано по сектори, во првиот квартал на 2020 година, во однос на истиот период лани, забележан е значителен реален раст на бруто додадената вредност во секторот градежништво од 19,6%, секторот за информации и комуникации од 11,8%, секторот на јавна администрација и задолжително социјално осигурување, образование и здравство и социјална заштита од 11,8% и индустријата за водоснабдување и управување со отпадни води од 4,5%.

Гледано од агрегатите на употреба на БДП, во првиот квартал на 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, остварен е реален раст во сите агрегати.

Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата се зголемени за 3,2%, расходите за финална потрошувачка на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата за 3,4%, расходите за финална потрошувачка на владата за 12%, бруто инвестциии во основни средства  за 10,7%, извоз на стоки и услуги за 3,1% и увозот на стоки и услуги за 8,3%.

Србија е меѓу земјите со највисок раст на БДП во првиот квартал.

Словенија имаше пад на БДП од 2,3% во првиот квартал, односно пад од 4,5% во споредба со четвртиот квартал од 2019 година.
Хрватска имаше раст на БДП од 0,4% во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани, а пад од 1,2% во однос на претходниот квартал. Очекувањата се дека хрватската економија ќе ја заврши со пад на БДП од околу 10%.

Бугарија имаше раст од 2,4% во првиот квартал годинава во споредба со истиот квартал лани, и намалување од 3,1% во однос на претходниот квартал.