Србија минатата 2020 година оствари рекорден извоз на земјоделски производи, вреден 4,1 милијарди долари, изјави спрскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.
Според Недимовиќ, Србија најмногу извезувала во ЕУ и Русија, а нови пазари се Кина и Индија.
„Имаме потенцијал да го зголемиме извозот со традиционални производи, но исто така и со капацитети за преработка. Затоа Владата ќе донесе нов акт во следните седум дена што ќе поттикне нови капацитети и технологии во земјоделската преработувачка индустрија, затоа што имаме сурови материјали”, изјави Недимовиќ за РТС.
Извор: RTS