Српската млекара Шабац ќе гради фабрика во Русија за што ќе има поддршка од Трговско-индустриската комора на Руската Федерација (ТИК РФ). Ова било договорено вчера во Санкт Петербург на состанокот меѓу Марко Чадеж, претседателот на Српската стопанска комора (ПКС) и Сергеј Катирин, претседател на ТИК РФ.
„ТИК РФ ќе ја поддржи изградбата на фабриката Млекара Шабац и проектите на другите српски компании кои сакаат да го прошират својот бизнис и да се позиционираат подобро на рускиот пазар“, рече Катирин.
Млекара Шабац ќе започне со изградба на фабриката во Московската област следната година и ќе произведува меко сирење и јогурти од најквалитетно руско млеко според стандардот IFS за рускиот и странските пазари.
Чадеж во Санкт Петерсбург учествува на 24-от Меѓународен економски форум, кој трае до 5 јуни, на кој има илјадници учесници од светот на бизнисот и политиката.
Извор: Стопанска Комора на Србија