Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ, информира дека во текот на оваа година се очекува почеток на пласман на свинско месо од Србија и на пазарот на ЕУ, за првпат по 30 години.
Тој потврди дека Србија успешно го запрела ширењето на африканската свинска чума, идентификувана кај домашни и диви свињи.
Тој изјави дека се создадени услови и за говедското месо и јајцата од Србија да почнат да се извезуваат на поголемите светски пазари.
Министерот вели дека во 2020 година, потрошувачката на говедско месо опаднала за 70%, а потрошувачката на свинско месо паднала за 20%, бидејќи хотелите и рестораните не работеле, и дека биле направени напори да се отворат некои нови пазари за извоз.