Царинската управа информира дека од денеска е пуштена во употребa надградбата на Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД со која се воведува Зелена царинска декларација.
Со оваа новина во царинското работење се овозможува целосно автоматско и бесхартиено завршување на царинската постапка за еден час од поднесувањето на царинската декларација.
“Ова ќе важи за декларации кои се правилно пополнети, со електронски приложени документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки“, објаснуваат од Царинската управа.
Од Царината информираат дека заради надградбата на системот, тој ќе биде во прекин денеска во периодот од 18 до 19 часот.
Деталите околу новините во постапувањето се дадени на линкот подолу во следните упатства:
>> Упатство за спроведување на извозна постапка со примена на СОЦДАД,
>> Упатство за спроведување на постапка за увозно царинење и