Стопанската комора на С.Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција (Private Sector Regional Integration Support Activity) поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) денеска објави три повици за поддршка на извозните компании, за консултантски куќи и консултанти:
· Бесплатни проектни апликации за пристап до финансии за поконкурентен извоз.
· Бесплатна поддршка за изработка на дигитални решенија и алатки на извозните компании.
· Бесплатно имплементирање и коучинг за воведување на стандарди за квалитет и циркуларна економија.
Целта на повикот е поддршка на компаниите за добивање грантови кои ќе им овозможат унапредување на работните процеси, остварување економски раст, дигитализација, проширување на производни асортимани, воспоставување на организациони облици за технолошки развој и истражување и слично, а согласно отворени повици од домашни и странски донатори.
Што се однесува до консултантските куќи, повиците се однесуваат со цел тие да обезбедат техничка поддршка при дигиталната трансформација, како и при воведување на меѓународни стандарди за квалитет и циркуларна економија.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31.12.2023 година (зависност од периодот на објавување на повици за кои компаниите сакаат да аплицираат).
Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на формуларот прикачен во соодветниот повик.
Повеќе информации за повиците во рамки на Проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, што Комората го реализира во партнерство со УСАИД на следниот линк: https://lnkd.in/du6AWXAM.