Според новите проценки на Светската трговска организација (СТО), обемот на трговија во светото се очекува да се зголеми за 8,0% во 2021 година, откако падна за 5,3% во 2020 година.
Изгледите за брзо закрепнување на светската трговија се подобрија бидејќи трговијата со стоки се зголеми побрзо отколку што се очекуваше во втората половина на минатата година.
Растот на трговијата тогаш треба да забави на 4,0% во 2022 година, а ефектите од пандемијата ќе продолжат да се чувствуваат бидејќи ова темпо на експанзија сепак ќе ја остави трговијата под нејзините нивоа од пред пандемија.
Релативно позитивната краткорочна перспектива за глобалната трговија е загрозена од регионални диспаритети, постојаната слабост во трговијата со услуги и бавната вакцинација, особено во сиромашните земји.
Ковид 19 продолжува да претставува најголема закана за изгледите за трговија, бидејќи новите бранови на инфекција лесно можат да го поткопаат очекуваното закрепнување.
„Силниот тренд на заздравување во глобалната трговија од средината на минатата година го ублажи ударот на пандемијата врз луѓето, деловните субјекти и економиите“, изјави генералниот директор на СТО, Нгози Окоњо ‑ Ивеала.
„Одржувањето на меѓународните пазари отворени ќе биде од суштинско значење за економиите да се опорават од оваа криза, а брзото, глобално и правично ширење на вакцините е предуслов за силното и одржливо закрепнување што ни е потребно на сите“.
„Засилувањето на производството на вакцини ќе им овозможи на деловните субјекти и училиштата побрзо да се отворат и ќе им помогне на економиите да застанат на нозе. Но, сè додека голем број луѓе и земји се исклучени од доволен пристап до вакцините, тоа ќе го задуши растот и ќе ризикува да го поништи здравје и економско закрепнување ширум светот “, рече таа.
Генералниот директор додаде дека трговијата преку синџирите на вредности им помогна на земјите да имаат пристап до храна и неопходни медицински материјали за време на кризата.
“За производство на вакцини се потребни инпути и суровини од многу различни земји. Една од водечките вакцини против Ковид 19 вклучува 280 компоненти кои потекнуваат од 19 различни земји”, рече таа.
“Трговските ограничувања го отежнуваат зголемувањето на производството. СТО помогна да се одвива трговијата за време на кризата. Сега, меѓународната заедница мора да ја искористи моќта на трговијата за да го прошири пристапот до вакцини за сочувување на животите на луѓето”.
Заради тоа, најголемите краткорочни ризици за прогнозата за раст на трговијата за годинава СТО ги поврзува со пандемијата, односно се однесуваат на недоволно производство и неправична дистрибуција на вакцини или појава на нови, отпорни на вакцини соеви на Ковид 19.
На среден и долг рок, јавниот долг и дефицитите исто така може да влијаат на економскиот раст и трговијата, особено во високо задолжените земји во развој.