Растот на светската трговија веројатно ќе остане слаб и во 2020 година, покажуваат последните проценки на Светската трговска организација (СТО), а резултатите можат да се влошат уште повеќе заради ефектите од коронавирусот.
Представници на трговската организација с седиште во Женева изјавија дека показателот за трговија со стоки е намален до 95,5 поени во текот на декември 2019 година во однос на вредноста од 96,6 поени во ноември.
Од СТО велат дека резултатите од последното истражување не ги вклучуваат најновите случувања од епидемијата од коронавирусот, кој можат дополнително да ги влошат перспективите за трговијата.
Глобалната трговија со стоки бележи пад од 0,2% на годишна база во третото тримесечие од 2019 годија, велат од СТО.
Последните податоци на организацијата покажуваат дека падот веројатно ќе продолжи и во првиот квартал од 2020 година.
Индикаторот за трговските перспективи на СТО претставува состав од податоци за извозни порачки, воздушен превоз на товар, производство и продажба на автомобили и трговија со електронски компоненти и селскостопански материали.