Трговијата со храна и земјоделски производи била поотпорна во однос на трговијата со други производи во текот на првиот дел од оваа година, покажува новото истражување на Светската трговска организација (СТО).
Трговијата со храна и земјоделски производи била поотпорна во однос на трговијата со други производи во текот на првиот дел од оваа година, покажува новото истражување на Светската трговска организација (СТО).Во белешката со наслов Covid-19 и земјоделството: Приказна за отпорност,
Во анализата на СТО се вели дека иако глобалната трговија во целина падна како резултат на пандемијата со Ковид 19 и мерките на заклучување на економијата, извозот на земјоделски производи и храна порасна за 2,5% на годишно ниво во првиот квартал во споредба со истиот период лани, со понатамошен раст во март од 3,3% и 0,6% во април. Месото, шеќерот и млечните производи биле меѓу најголемите добитници.
„Земјоделските трговски текови значително се променија, особено како резултат на ненадејната промена на потрошувачката, предизвикана од мерките кои беа преземени“, се вели во извештајот.
СТО предупредува дека земјите сè уште се борат против пандемијата, а нејзините последици за синџирите за снабдување со храна сè уште се видливи. И покрај тоа што во моментов нема причини заради кои тековната здравствена криза би се претворила во криза со храна, нарушувањата во синџирите на снабдување со храна претставуваат ризик, а изборите на трговската политика на владите ќе бидат одлучувачки како ќе се развива ситуацијата.
„Додека многу влади постепено ги релаксираа мерките, отстранија повеќе ограничувања на извозот и воведоа домашни мерки за поддршка на земјоделскиот сектор, пандемијата продолжува да се шири во различни делови на светот и се очекува да продолжи да влијае на побарувачката и понудата на земјоделски производи “, вели СТО во извештајот, додавајќи дека е од витално значење владите да внимаваат со воведените трговски мерки да не ги нарушат синџирите за снабдување со храна.
“Од клучно значење e да се задржат отворени трговските текови и да се осигура дека синџирите за снабдување со храна остануваат во функција”, потенцираат од СТО.