Новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии, беше во фокусот на разговорот на средбата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори.
Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев истакна дека државата во консултација со деловната заедница и сите засегнати страни креира деловен амбиент за рамномерен регионален економски развој и додаде дека ваквите инвестиции значат отворање на нови и добро платени работни места.
Менаџментот информираше дека во моментот во „ТАБ МАК“ работат 530 лица кои и во услови на пандемија продолжија да работат, со финансиските мерки за помош од државата.
На средбата беше заклучено дека новата инвестиција ќе отвори работни места не само во Пробиштип, туку и во целиот регион, што значи можност за повисок стандард за граѓаните и економски развој на регионот. Беше констатирано дека инвестициите на компаниите се од витално значење за економијата на локално, но и на државно ниво.
Компанија „ТАБ МАК“ од индустриската дејност, дури 97 проценти од производството го пласира на странскиот, главно европски пазар.

 

Словенечката ТАБ ќе произведува литиум-јонски батерии со Кинези, можно е проширување и во Македонија