Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетираната читателска публика можете да добиете на
e-mail: marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk или на телефонскиот број 070 401 162.
Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) чиј издавач е аналитичката копанија Бизнис Аналитика ја најавуваат четвртата по ред годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023.
Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023 има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија, но и да ја сензибилизира јавноста и носителите на политички и економски одлуки за потребата од силна подддршка на извозот и извозните компании како важен предуслов за раст на економијата и развој на општеството.
Како и во досегашните едиции, во новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2022 година.
Фокусот на годинешната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде ставен на зелената транзиција, процес кој носи големи промени и предизвици за извозните компании, но и за државата. Преминот кон одржливото и одговорно работење е тренд кој не може да се избегне и станува предуслов за да се извезува во Европската унија, нашиот најголем трговски партнер.
Годинава во рамки на едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ објавуваме и посебен тематски прилог посветен на клучните играчи на пазарот на транспортни, логистички и шпедитерски услуги. Во него ќе бидат рангирани водечките компаниите кои остваруваат најголеми приходи на пазарот на транспорт и логистика во Македонија.
Во новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе ги промовираме и обединиме на едно место предлозите и идеите на најголемите и најуспешните извозни компании, на државните институции, економските експерти и финансискиот сектор за повеќе клучни теми од работењето на извозниците како на пример:
Во едицијата ќе бидат вклучени и повеќе интервјуа со лидерите на најголемите извозни компании, финансиски институции и државни институции од земјава, колумни, како и детални секторски анализи на најголемите извозни индустрии како на пример прехранбената индустрија, автомобилската индустрија, металската и металопреработувачката индустрија, текстилната индустрија…
Новата специјална годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавена во октомври 2023 година во ексклузивно печатено издание во високо квалитетен печат и продукција. Ова е четврто по ред издание на специјалната едиција Топ 100 Извозници од страна на порталот www.izvoz.mk и Бизнис Аналитика кое се дистрибуира до сите најзначајни институции во земјава, до извозните компании, стопански комори, амбасади, банки и осигурителни компании... Сите заинтересирани компании и субјекти имаат можност да ги промовираат и претстават подетално своите производи, услуги и вредности преку профил на компанијата, ПР објави или интервју во изданието, како и на платформата www.izvoz.mk.
Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетираната читателска публика можете да добиете на
e-mail: marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk или на телефонскиот број 070 401 162.