Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека трговскиот договор со Кина во кој е вложен многу напор сега е од секундарно значење во однос на пандемијата на коронавирус и се закани со нови царини за Пекинг.
Се пооштрата ретрика на Трамп против Кина ја одразува неговата се поголема фрустрација од Пекинг поради пандемијата која однесе десетици илјади животи само во САД, предизвика пад на економијата и ги загрози неговите шанси за нов мандат во ноември годинава за кога се планирани претседателските избори.
Ројтерс, повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, пишува дека се разгледуваат повеќе опции против Кина, како еден вид казна за нејзината улога во ширењето на пандемијата.
Трамп јасно стави до знаење дека неговата загриженост за улогата на Кина во појавата и ширењето на пандемијата засега имаат предност во однос на напорите за надградување на првичниот трговски договор со Пекинг, кој долго време доминира во неговите односи со втората по големина економија во светот.
По изјавата на Трамп за воведување на нови царини кон Кина предизвика пад на вредноста на акциите на светските берзи.