Белата куќа подготвува уредба со која одредени основни лекови ќе мора да се произведуваат во САД, oбјавува CNBC.
Администрацијата на Тамп прави големи напори да ги направи постабилни синџирите за снабдување за одредени производи во различни сектори кои се сметаат за национално и безбедносно важни, вклучувајќи лекови, медицински материјали, полупроводници, чипови и одбранбена опрема.
Околу 72% од производителите на фармацевтски состојки кои ги снабдуваат САД се наоѓаат во странство, вклучувајќи и 13% во Кина.
Трговскиот советник на претседателот Доналд Трамп, Питер Наваро, претходно изјави дека се работи на извршна наредба што ќе ја намали американската зависност од лекови направени во странство.
„Спинот со Биг Фарма е едноставно очајнички обид да се запре претседателот Доналд Трамп да го пренесе производството на нашите основни лекови и медицинска опрема и материјали во САД“, изјави Наваро за Си-Би-Би-Си во интервју во кое зборуваше против обидите на фармацевтската индустрија да лобира против неговата извршна наредба.
Белата куќа разговара за рационализирање на регулативите за да се овозможи побрз процес на одобрување за производство на домашни фармацевтски производи. Извршната наредба исто така планира регулаторните одобренија за „американски производи“ да ги наметне и за оние објекти во странство во кои се произведуваат лековите кои се увезуваат во САД. Исто така, се планира да се охрабри американската влада, вклучително и Министерството за одбрана, Министерството за здравство и другите министерства да купуваат само медицински производи и лекови произведени во САД.
Извршната наредба може да биде насочена кон „основните лекови“, што се однесува на списокот со над 400 лекови што Светската здравствена организација ги идентификува како неопходни за секоја нација.
Производството на лекови и медицински материјали е високо концентрирано во Кина, не толку заради тоа што цената на трудот е поевтина, туку заради достапноста на субвенциите, пониската цена на капиталот и пониските регулативи за животната средина.
„Ова е одбранбена мерка за американскиот народ“, рече Наваро во април.
„Изградбата на индустриската база за здравствена заштита во Америка е исто така национален императив и логичен заклучок кој треба да се извлече од пандемијата што го изложи слабиот доминантен глобализиран ланец на снабдување и ризиците од немање домашно производство на основните лекови и медицинска опрема “.