Администрацијата на претседателот Доналд Трамп и производителите на чипови и полупроводници започнаа преговори за отворање нови фабруку за производство во САД.

Овој потег следува по зголемената загриженост за фактот што Кина и Азија се главните локации каде е лоцирано производството на оваа критична и важна технологија.

Овој потег би значел огромен пресврт за индустријата на САД, по децениската експанзија на американските компании од технолошкиот сектор во Азија.

Пандемијата на коронавирусот дополнително ја потврди потребата за заштита на глобалните ланци на снабдување од вакви слични нарушување.

Владата на САД е загрижена затоа што американската индустрија силно се потпира на тајванската компанија Taiwan Semiconductor Manufacturing Co., еден од најголемите светски производители на  чипови и една од трите компании во светот кои имаат капацитет да произведат најбрзи и врвни чипови.

Администрацијата на Трамп е во разговори со најголемиот производител на чипови во Америка, Intel Corp. и тајванската компанија TSMC за можноста за градење фактори во САД.

Разговорите за плановите за фабрики за чипови се во тек веќе некое време, бидејќи американската економија сака да ја намали својата зависност од Тајван, Кина и Јужна Кореја за снабдување на микроелектроника, но тие неодамна станаа уште порелевантни заради прекините на азиските синџирот на снабдување кои ги предизвика пандемијата.

Иако владата и технолошки лидери се согласуваат дека САД треба да ги подобри своите домашни можности за правење чипови, сегашната состојба е комплексна и носителите на одлуки немаат унифициран поглед како тоа би се реализирало.

Наспроти САД, другите држави , вклучително и Кина, Тајван, Сингапур и Израел, одвојуваа значителни финансиски средства за развој на сопственото домашно производство, вклучително и субвенции за изградба на фабрики и скапа опрема.

Кина, на пример, формираше фонд од 26,7 милијарди евра во октомври 2019 година за понатамошно стимулирање на оваа индустрија.