Трамп ќе ги убедува американските компании да ги преселат фабриките надвор од Кина

Администрацијата на Трамп работи брзо на иницијативата за преместување на глобалните индустриски ланци на снабдување од Кина додека ги утврдува новите царини со кои сака да го казни  Пекинг за справувањето со коронавирусот, тврдат официјални лица запознаени со пановите на САД за Ројтерс.
Претседателот Доналд Трамп уште одамна дате ветување дека ќе го врати дома прозиводството од Кина.

Сега, економскиот крах, големиот број невработени и многуте жртви од пандемијата на Ковид 19, прават голем притисок врз целата администрација за придвижување на производството и намалување на зависноста во лансите за снабдување од Кина, дури и по цена на нивно преместување во попријателски земји, пишува Ројтерс.

„Ние работевме на намалување на потпирањето на нашите ланци на снабдување од Кина во последните неколку години, но сега забрзано ја придвиживме оваа иницијатива“, вели Кит Крач, потсекретар за економски раст, енергија и животна средина во Стејт департментот на САД.

„Мислам дека е од суштинско значење да се разбере каде се критичните области и каде постојат критични тесни грла“, вели Крач, додавајќи дека ова е клучна работа за безбедноста на САД и дека наскоро би можеле да се најават нови активности на ова поле.

Одделот за трговија на САД и други државни агенции бараат начини како да ги натераат компаниите да ги преселат и своите извори на снабдување и производните погони надвор од Кина.

Даночните олеснувања и субвенции за селење на производството дома се меѓу мерките што се разгледуваат и кои би можеле да ги поттикнат промените.

Пандемијата ги кристализираше сите грижи што луѓето ги имаат за водењето бизнис со Кина. Сите пари што луѓето мислат дека ги заработиле со склучување зделки со Кина претходно, сега тие биле поништени со економска штета од коронавирусот“, велат официјални лица од американската администрација за Ројтерс.

Покрај воведувањето на дополнителни царини за кинескиот увоз, администрацијата на транп размислува и за други начини за казнување на Кина меѓу кои и санкции кон официјални лица или компании,  воспоставување на поблиски релации со Тајван…

Но, дискусиите за преместување на ланците за снабдување се многу конкретни и извесни.
САД исто така вршат притисок за создавање на сојуз на „доверливи партнери“, кој би бил наречен „Мрежа за економски просперитет“. Во тој сојуз би биле вклучени компании и граѓански организации кои работат под ист сет на стандарди, почнувајќи од дигитален бизнис, енергија и инфраструктура, па се до истражување, трговија и образование.

“Владата на САД работи со Австралија, Индија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Виетнам за „да ја придвижи глобалната економија напред“, изјави неодамна државниот секретар Мајк Помпео. “Овие дискусии вклучуваат „како да ги реструктуираме ланците за снабдување за да спречиме вакво нешто повторно да се случи”, рече Помпео.

Кина ги надмина САД и стана најголем производител во светот во 2010 година, која создава 28% од глобалното производство во 2018 година.

Пандемијата ја истакна клучната улога на Кина во синџирот на снабдување во многу области.