Во секторот транспорт и складирање минатата 2020 година работеле 5.625 фирми во кои биле вработени 41.258 лица, со што оваа дејност е меѓу петте најважни сектори во македонската економија.

Во 2020 година во Македонија работеле вкупно 73.061  компании, од кои најмногу биле микро компании – 66.013 (90,4%), потоа малите – 5.405 (7,4%), средни – 1.410 (1,9%) и 233 големи компании (0,3% ), покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, најголемо учество во вкупниот број компании имаат трговија на големо и мало и поправка на моторни возила каде работат 22.191 фирма (30,4%), преработувачка индустрија 8.010 (11%), професионални, научни и технички активности 7.651 (10,5%), транспорт и складирање 5.625 (7,7%) и градежништво 5.263 ( 7,2%).

Во 2020 година, деловните субјекти во земјава вработувале вкупно 793.121 лица.

Гледано по сектори, најголемо учество во вкупниот број вработени во Македонија во 2020 година имале преработувачката индустрија со 160.223 вработени (20,2%), трговија на големо и мало и поправка на моторни возила – со 118.722 вработени (14,9% ), земјоделство, шумарство и водостопанство со 94.105 (11,8%), градежништво 53.376 (6,7%) и транспорт и складирање 41.258 (5,2%).