Трговската размена на Кина со државите кои учествуваат во Иницијативата “Еден појас, еден пат” (BRI Belt an Road Initiative), која уште се смета за еден вид инфраструктурно возобновување на поранешниот трговски Пат на свилата, забележа силен раст во 2019 година, откривајќи ја отпорноста на најголемиот трговец во светот против економските проблеми,
Трговијата со земјите-партнери во иницијативата Еден појас, еден пат во 2019 година изнесуваше 1,34 трилиони долари, што претставува зголемување од 10,8% за една година, надминувајќи го вкупниот раст на од 7,4% на трговијата на Кина лани.
Во периодот 2014-2019 година, вкупниот обем на трговија помеѓу Кина и земјите од иницијативата Еден појас, еден пат, надмина 6,4 трилиони долари, со просечен годишен раст од 6,1%.
Кинеските податоци покажуваат дека Кина е најголем трговски партнер на 25 земји учеснички во оваа иницијатива.
Учеството на земјите од оваа иницијатива во вкупната трговија на Кина достигна 30% минатата година, што претставува раст од 2 процентни поени во споредба со 2018 година.
Кина досега има потпишано 42 договори за Овластен економски оператор (АЕО Authorizen Economic Operator) со повеќе земји и региони, од кои 18 се земји кои се членки на иницијативата Еден појас, еден пат.