Во јули годинава македонските компании извезле стоки во вредност од 587 милиони евра, што е за 13% повеќе во споредба со извозот остварен во јули минатата 2020 година, a за 3,5% повисок во споредба со јуни 2019 година пред да почне пандемијата.
Увозот, пак, во јули годинава изнесувал 800 милиони евра, што е за 15% повеќе во споредба со јули 2020 година.
Ако се анализираат првите седум месеци годинава македонските компании извезле стоки во вредност околу 4 милијарди долари, што е за 34,6% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, а за 7,4% повеќе во споредба со првите седум месеци од пред-пандемиската 2019 година.
Увозот, пак, во првите седум месеци годинава достигна 5,44 милијарди евра и е за 34% повисок во споредба со истиот период лани.
Трговскиот дефицит во првите седум месеци достигна 1,48 милијарди евра и е повисок за 32,4% во споредба со трговскиот дефицит од истиот период лани, кога имало трговски дефицит од 1 милијарда евра во трговската размена во странство.
Од вкупниот извоз во првите седум месеци годинава, дури 79% или 3,1 милијарди евра биле насочени кон Европската унија. Извозот во ЕУ во овој период бил зголемен за 39,4%. Извозот кон оостанатите неевропски држави во првите осум месеци годинава е зголемен за 19,3% и изнесувал 836 милиони евра.
Во најголемиот трговски партнер Германија во периодот јануари-јуни 2021 година биле извезени стоки во вредност од 1,93 милијарди евра или  48,5% од вкупниот извоз на државата. Извозот во Германија во овој период бележи раст од 47,4%