Драматични промени во трендовите во прехранбената индустрија не се очекуваат следната година, но затоа промените кои ги донесе и потенцираше пандемијата со Ковид 19 ќе останат нагласени.
Хигиената и здравјето и понатаму ќе бидат главни приоритети за потрошувачите, a бројот на оние кои консумираат органска и храна без шеќер ќе расте, според студијата „Трендови во прехранбената индустрија 2022 година“, објавенa од Централноевропската агенција за развој и соработка ЦЕАРС и Центарот за маркетинг стратегија еПлус, која има за цел да го олесни планирањето за сите оние кои работат со оваа индустрија, од производители на пакувана храна, трговци на мало, угостители, до основни производители на храна.

Еве некои од главните трендови од оваа студија:

#1. Хигиената останува многу важна за потрошувачите

Воведените хигиенски мерки поради спречување на ширење на пандемијата на вирусот Ковид 19 доведоа до подигање на свеста и очекувањата на потрошувачи во однос на хигиенските стандарди.

Многу повеќе внимание се посветува на деталите отколку порано, а се очекува дека потрошувачите и во иднина да посветуваат поголемо внимание на овој аспект. Деталите за хигиената ќе имаат се повеќе влијание врз донесувањето одлуки, креирањето ставови и однесување на потрошувачите, и то без оглед на пандемијата.

Храна спакувана на начин што дозволува повеќекратно безбедно отворање и давање можности за потрошувачот без компликации да изврши дезинфекција и миење на рацете, се некои од елементи на кои ќе се посветува се повеќе внимание.

#2. Флексибилност и едноставност на процесот на купување

По децении традиционална работа од канцеларии, сè поголем број потрошувачи работат делумно или целосно од дома. Работата од дома има свои добри страни, но и бројни недостатоци.

Една од последиците од работата од дома која влијае однесувањето на потрошувачите кон храната е и постепено бришење на границите помеѓу работа и слободно време, при што работата зазема сè поголем дел од нашите животи.

Во таа смисла, луѓето бараат опции при набавките и купувањето што им овозможуваат флексибилност со која ќе можат да ги усогласат сите активности.

Зголемување на флексибилноста на процесот на купување е потреба што постоела и порано, а пандемијата влијаеше таа да добие уште повеќе на значење.

#3. Транспарентност за квалитетот на состојките

Се поголем број потрошувачи се сметаат себеси за „едуцирани“ потрошувачи, благодарени на лесно достапните информации, но и дезинформации. Едуцираниот потрошувач има свои ставови за географското потекло на суровини, генетски модифицираните состојки, адитиви, вредноста што ја плаќа за храната и многу други „жешки“ теми кога станува збор за составот на прехранбените производи.
Квалитетните состојки се полето на кое се гради цврста репутација и доверба.
Транспарентно поставување на податоците за составов на увид на потрошувачите, и пред сè квалитетот на самите состојки се „conditio sine qua non“, односно услов без кој не може да се смета на довербата на потрошувачите.

#4. Се бара здрава храна без шеќери

Пандемијата ги принуди луѓето повеќе да го следат  медицинскиот напредок и во време на работа од дома повеќе да се посветат на себе и на своето здравје.

Научните студии што ја поврзуваат прекумерната потрошувачка на шеќер со дијабетес тип 2, дебелина и срцеви заболувања болести го најдоа својот пат до поголем број луѓе. Популарноста на концептот на здрава исхрана, како што се веганството или автофагија доведоа до поумерена исхрана и поголема побарувачка за природни производи без додаток на шеќери.
Најголемите светски брендови со децении се во потрага за здрави замени шеќер кои нема да го променат вкусот на производот на кој пазарот е навикнат.
Заради тоа органските производи и производите одгледувани и преработени на природен начин го наоѓаат патот до сè поголем број потрошувачи.

#5. Вкусови како некогаш

Индустриското производство на храна е наша неминовност, но свесноста за употреба на штетни адитиви со цел да се подобри вкусот или продолжи свежината, како и едноличниот вкус на индустриски произведената храна свртува сè повеќе луѓе кон органски и не-индустриски производи.
Пандемијата и последователниот карантин насочи многу луѓе кон руралните области, каде што „домашната“ храна е подостапна, и нејзиното производството и потрошувачка процвета.
Многу прехранбени индустрии и во ова гледаат својата шанса па се обидуваат преку подобрувања во производствениот процес, користење на природни адитиви и завршна обработка што потсетува на “рачна работа”  да му испорачаат на потрошувачот производ кој ќе ја задоволи потребата за „вкус како порано“.

#6. Вкусови во тренд

Слатки вкусови. Несекојдневните вкусови се интересни за потрошувачите, како и вкусови на овошје што не го јадеме во свежа форма секој ден. Вкусовите на тропско овошје се во тренд, особено кокос, потоа цитруси, ананас.

Чоколадото е секој ден сè попопуларно и индустријата за чоколадо и чоколадни производи е постојано во пораст. Кај чоколадото, акцентот е ставен на додавање на нови вкусови (вклучително и поврзување со други популарни брендови со карактеристичен вкус), како и изразените текстури што се чувствуваат при дегустација и топење во устата.

Солени производи и закуски. Кај солените производи се забележува тренд на популарност на силно изразени и нагласени вкусови, а посебно се застапени егзотични и лути производи (на пр. чили, халапењо, срирача, хабанеро).

Во денешниот свет каде „сè е веќе видено “, комбинации на вкусови што кои изненадуваат добиваат се поголема популарност, како што се слатко-солено, неочекувани комбинации на „некомпатибилни“ вкусови, како на пример, сладолед со вкус на солени флипси или дури пица која се пие.

Извор: CEARS

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here