Производството на безалкохолно пиво во Германијасе зголемила речиси двојно во последните 10 години, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис.
Производителите минатата година произвеле 4,2 милиони хектолитри, што претставува зголемување од 97% во споредба со 2009 година.
Продажбата на безалкохолно пиво се искачи на 361 милиони евра и укажува на промена на навиките на потрошувачите.
Љубителите на пивото се исто така свесни за важноста на здравиот начин на живот и сè повеќе посегнуваат кон безалкохолно пиво.
Трендот продолжи и оваа година, а производството на безалкохолни пива во првиот квартал од оваа година е зголемен за 8% во однос на истиот период лани.
Со растечкото производство на безалкохолно пиво, производството на пиво со повеќе од 0,5% алкохол опаѓа во последната деценија и според Дестатис, тој пад изнесува 7,8% во периодот меѓу 2009 и 2019 година.