Автомобилскиот сектор, кој го предводи турскиот извоз веќе 15 години, бележи раст на извозот од 40% во март. Извозот на автомобили во март изнесувал 2,9 милијарди долари, информираше Асоцијацијата на извозници од автомобилската индустрија (ОСБ).
Секторот кој годишно остварува извоз од 30 милијарди долари, во првиот квартал годинава остварил извоз од 7,7 милијарди долари, што е за 10 проценти повеќе во споредба со лани.
„Објавивме двоцифрено зголемување на извозот во индустријата за снабдување, моторни возила за превоз и патнички автомобили, како и во девет од првите 10 извозни пазари во март“, изјави Баран Челик, претседателот на Асоцијацијата.
Германија била најголем пазар за извоз на турската автомобилска индустрија во март, со раст од 51%. Следат (+102% ), Франција (+39%), САД (+35%), Русија (+65%), Велика Британија (23%) и Полска ( +58%). Извозот на автомобилската индустрија во Романија се намалил за 34%.
Некои од најголемите производители на автомобили, вклучувајќи ги Fiat, Ford, Honda, Hyundai, Renault и Toyota имаат производствени капацитети во Турција.
Извор: Daily Sabah