Комерцијална банка објави дека склучила договор за продажба на имотот на кавадаречки Еуроникел Индустри на холдинг компанија Polynickel Holding BV со седиште во Холандија, која е дел од познатата турска групација Yildirim Group.

Комерцијална банка се сеткна со имотот на кавадаречкиот металуршки комбинат Еуроникел Индустри по пат на неплатени побарувања, откако компанијата која е една од најголемите потрошувачи на струја во земјава, западна во финансиски проблеми предизвикани од енергетеската криза и рекордно високата цена на енергијата.  Еуроникел Индустри (поранешен Фени) е единствен производител на фероникел во земјава, а според последната едиција Топ 100 Извозници е шести најголем извозник од Македонија со извоз од 158 милиони евра во 2022 година.

Почетоците на фирмата се во 1963 година како фирма за трговија со градежни материјали, за да низ годините прерасне во една од најголемите индустриски групации во Турција. Групацијата Yildirim е бизнис во семејна сопственост, во 100% сопственост на управувана од браќата Али Риза и Роберт Јуксел Јилдирим. Првото меѓународно преземање го прави во 2008 година во Шведска, за да денеска прерасне силна индустриска групација.

Што се однесува до бизнисот со метали, Yildirim Group преку свои компании ќерки е најголем производител и извозник на руда на хром во Европа и светот, втор најголем светски производител на висококвалитетен јаглероден ферохром и четврт глобален играч во индустријата за хром.

Компанијата исто така е присутна и во бизнисот со управување со контејнерски терминали и пристаништа, производство и трговија со на хемикалии и вештачки ѓубрива, енергија, финансии, логистика….