Изградбата на фабриката за производство на првиот турски автомобил е предвидено да започне во мај, со капацитет да произведува во просек 175.000 целосно електрични возила годишно, дневниот весник Дејли Сабах.
Гурчан Каракаш, претседател на заедничката компанија TOGG, кој го води првиот проект за турски автомобили, истакна дека поголемиот дел од изградбата на фабриката треба да заврши во рок од една година.
Се планира до 2032 година да бидат произведени еден милион возила, а новата фабрика да привлече 22 милијарди турски лири или 3,8 милијарди евра инвестиции во текот на следните 15 години.
TOGG, конзорциум од пет најголеми компании во земјата, неодамна ги претстави прототипите на својот прв домашен автомобил, a промоцијата на првиот прототип на турскиот автомобил го направи лично претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Објектот за производство на возила ќe биде сместен во Гемлик, Бурса и ќе биде паметна фабрика изградена според стандардите на светските компании.Се уште се знае цената по која би се продавале турските автомобили, а брендот под кој ќе се продаваат ќе биде откриен до крајот на годинава.