Турската влада досега обезбедила поддршка за извозниците во вредност од 260 милиони долари со цел полесно да ги надминат последиците од пандемијата на коронавирус, изјави министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекчан, пренесува Anadolu Agency.
Говорејќи на виртуелен настан во главниот град Анкара, министерката Пекчан рече дека оваа помош вклучува и 58,8 милиони долари поддршка за турските фирми кои извезуваат услуги.
Според Пекчан, Турција минатата година им исплатла поддршка на извозниците во износ од 440 милиони долари.
Турција е една од државите кои масовно и на повеќе основи го поддржува извозот и извозните компании, преку различни шеми на субвенции, поволни кредити, финансиска поддршка за настап на саеми….Турските извозни компании од државата добиваат финансиска поддршка за технологија, рекламирање, брендирање и дизајн, за покривање на трошоци за складови и продажни салони, за пазарни истражувања, електронска трговија, финансирање на аквизиции…
Покрај директната финансиска поддршка, Турција спроведува и неколку проекти поддржани од државата за олеснување на дистрибуцијата и логистиката на извозните компании.
Турскиот извоз во октомври достигна17,3 милијарди долари, раст од 8,3% во споредба со истиот период лани, што е највисок досега месечен извоз.
Извозот на Турција во 2019 година изнесуваше 180,46 милијарди долари во 2019 година, а најголеми девизни приходи од извоз остваруваат автомобилската индустрија, туризмот, текстилната и хемиската индустрија.