Индустријата за медицинска опрема на Турција извезла
производи како заштитни маски и опрема во вредност од скоро 5 милијарди долари во 2020 година, откако странската продажба на секторот беше зголемена со пандемијата.
Пандемијата на Ковид 19 која негативно влијаеше на јавното здравство и на многу сектори низ целиот свет, го мобилизира медицинскиот сектор бидејќи побарувачката за производи за лична заштита како маски или ракавици вртоглаво се зголеми, изјави претседателот на Здружението на работодавци на Здравствената индустрија на Турција (СЕИС) Метин Демир .
Според него, индустријата ја искористи својата поволна позиција како еден од водечките производители на заштитна опрема во светот.
Извозот на секторот изнесуваше 600 милиони доплари во 2019 година, зголемувајќи се неколкукратно на 5 милијарди долари во 2020 година.
„Направивме голем успех во извозот во споредба со претходните години“, рече тој, истакнувајќи дека кинеските производители не беа во игра на почетокот на пандемијата, што се претвори во предност за Турција.
„Кон крајот на 2020 година, Кина се врати во игра“, рече Демир, но турските производители сè уште ги продаваат своите производи по конкурентни цени.
Демир рече дека извозот на овој сектор се предвидува да достигне 2 милијарди долари оваа година.
Извор: Daily Sabah