Турција, најголемиот извозник на лешници во светот, во 2020 година извезла вкупно 280.924 тони лешници, остварувајќи приходи од скоро две милијарди долари, пренесува Anadolu Agency.
За само четири месеци, од септември до декември 2020 година, Турција заработила 732,8 милиони долари од извозот на лешник.
Сепак, според податоците на Здружението на извозници на лешници и производи од црноморскиот регион, вредноста на лешници за четиримесечниот период бележи пад за 32,7% во споредба со истиот период во 2019 година.
Околу 70% од лешниците од Турција се извезваат во земјите членки на Европската унија (ЕУ).
Во текот на 2019 година, Турција заработила околу 2,3 милијарди долари од извоз на лешници во светот. Во 2019 година од Турција се извезени околу 319.772 тони лешници, што е највисоко ниво на извоз во историјата на Турција.