Турција лансира платформа базирана на вештачка интелигенција за поддршка на извозниците

Првата фаза од Платформата за лесен извоз (Easy Export Platform) што треба да обезбеди повеќеслојни и уникатни информации за извозниците со својот систем базиран на вештачка интелигенција (AI ) беше лансирана минатата недела.
Според турската министерка за трговија Рухсар Пекчан, работата на втората фаза од платформата е во тек и се очекува да биде лансирана во текот на оваа година.
Платформата е развиена со визија за дигитална трансформација во извозните бизниси и има за цел да обезбеди значителен придонес кон извозниот потенцијал на Турција.
Пекчан рече дека министерството сака да допре до голем сегмент од претприемачи кои имаат бизнис идеи ориентирани кон извоз – при што основните цели се 90.000 извозни бизниси и над 3 милиони мали и средни претпријатија.
Во самата основа на платформата постои целна алатка за препораки на пазари наречена Smart Export Robot.
Овој робот, кој исто така користи алгоритми за машинско учење, им дава на компаниите објективни и базирани на податоци резултати на кои пазари можат да ги пласираат производите за кои се заинтересирани.
„Нашите извозници и потенцијалните извозници ќе можат да пристапат до сите видови на информации што им се потребни и во подготовките и во извозните процеси преку оваа платформа“, рече Пекчан, истакнувајќи дека станува збор за структура која произведува лесни за разбирање резултатите и спроведува анализа на пазарите, кореистејќи ја технологијата на вештачка интелигенција.
Платформата ќе произведува решенија базирани на податоци за 5.400 производи и 190 земји.
„Дигиталните податоци и информации ќе влезат во платформата за лесен извоз од 15 различни домашни и странски извори“, рече Пекчан.
Благодарение на брзиот и сеопфатен проток на податоци и автоматската интеграција на податоците, таа секогаш ќе има ажурирана инфраструктура и „на овој начин, ние ќе обезбедиме бесплатна услуга за дигитални консултации што директно ја поддржуваат трговијата“.

Паметниот извештај за извоз може да им обезбеди на компаниите многу поконкретни препораки единствено со обработка на царинските декларации обезбедени од Министерството за трговија, Пекџан рече дека белешките од трговските консултанти во различни земји исто така ќе бидат интегрирани во Платформата за лесен извоз.
Благодарение на оваа платформа, извозниците ќе добијат одговори преку АИ технологија за нивните прашања во врска со потенцијалните бизниси, вклучително и прашања како на пример: каде да извезуваaат, кој производ да го извезуваат и каков би бил уделот на пазарот на компанијата во земјата во која планира да извезува.
„Паметниот робот за извоз (Smart Export Robot) прво учи што сака извозникот да прави, а потоа ги оценува земјите според нивниот потенцијал и привлечност врз основа на критериуми како што се одржливост и леснотија на придржување кон пазарот. Ги споделува своите приоритетни предлози, земајќи ја предвид историјата на бизнисот на извозникот “, објасни Пекчан.

Модулите за влез на пазарот и страниците на земјите содржат и критични информации како што се социоекономски индикатори поврзани со целниот пазар, уделите на пазарот и големината на компаниите со ривалски земји.

„Информации за стапките на царинските даноци и нетарифните мерки; примероци на сертификати за потекло; договори, тековни случувања и детали наведени од нашите надворешно-трговски консултанти; промени и трендови во податоците за увоз и извоз на основа на земја и сектор; задолжителни документи во извозот, како што се основните услови, критериумите и законодавството – скоро сите информации што им требаат на извозникот за да влезат на пазарот, ќе бидат споделени со нашите извозници со најефективни визуели и во најсовремена форма “, рече Пекчан.

Таа рече дека платформата ги нуди најновите технологии и има сеопфатна содржина компатибилна со технологијата на Турција и целите за раст ориентирани кон извозот со додадена вредност. Сите развојни процеси за платформата биле обликувани на состаноците одржани со извозните фирми.