И покрај негативното влијание на пандемијата на коронавирус, Турција постави нов рекорд во извозот на свеж зеленчук и овошје во 2020 година, информираат од Здружението на извозници на зеленчук и овошје од Истанбул

Земјоделскиот сектор во Турција бил една од економските области што почувствувале најмала штета од пандемијата. „Извозот на свеж зеленчук и овошје во 2020 година се зголеми за 20,8% во споредба со претходната година и достигна 2,7 милијарди долари“, информираат од Здружението.

Најголем удел во извозот на свеж зеленчук и овошје од Турција имаат доматите, црешите, мандарините и калинките.
Водечки увозници на свеж зеленчук и овошје од Турција минатата година биле Русија, Германија, Украина, Ирак и Романија.
Особено голема побарувачка на странските пазари лани имало за јаболка, лимони, праски и нектарини.
Како нови ветувачки пазар за турските производители на зеленчук и овошје се истакнуваат Шпанија, Бангладеш, Индија, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.

„Говорејќи за целиот сегмент на овошје и зеленчук, во 2020 година, краставиците и корнишоните, сокови од јаболка и конзервирани домати беа многу барани. Германија, САД, Ирак, Холандија и Велика Британија се водечки увозници во овој сегмент “, велат од Здружението.

ПОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here