Извозот на зелка од Македонија мината година достигна вредност од 25 милиони евра, што е раст од 23% во споредба со 2021 година. Количински извозот се зголемил за 11,4%, одосно во текот на изминатата година од земјава биле извезени 59,8 илјади тони зелка.
Најголем извозен пазар за македонската зелка лани била Украина, каде е остварен извоз на 16,5 илјади тони зелка во вредност од 6,7 милиони евра. Извозот на зелка од Македонија во Украина минатата година бил зголемен за три и пол пати во споредба со 2021 година кога била извезена зелка во вредност од 1,86 милиони евра. Количински извозот на зелка од Македонија во Украина бил зголемен за двојно, односно биле извезени 16,5 илјади тони зелка.
Втор најголем пазар била Полска каде лани била продадена зелка во вредност од 4,5 милиони евра или 8,8 илјади тони зелка. Вредноста на извозот на зелка во Полска лани бележи намалување од 14,6%, додела количински извозот во Полска лани се намалил дури за 50%.
Следат Романија со извоз вреден 3 милиони евра или 8,6 илјади тони. Извозот во Романија лани вредосно е намален за 2,4%, додека количински продажбата на зелка на овој пазар се намалила за 24%.
Следи Србија каде лани се продале 5.6 илјади тони зелка во вредност од 2 милиони евра. Вредносно извозот во Србија лани е поголем за 4,5%, додека количински има пад од 9,5%.
Петти најголем извозен пазар лани била Русија со извоз вреден 1,5 милиони евра, кој лани е и вредносно и количински е вредносно е двојно поголем од 2021 година,
Следат Литванија со извоз од 1 милион евра, Шведска со извоз од 1 милион евра, Молдавија со извоз вреден 900 илјади евра, Латвија со извоз од 780 илјади евра и Хрватска со извоз од 660 илјади евра.
Највисока просечна извозна цена е постиигната во Шведска од 0,7 евра по килограм, Русија 0,6 евра по килограм. Во Полска, Латвија и Литванија се продавала зелката во просечна цена од 0,5 евра по килограм. Во Украина, Србија, Молдавија и Хрватска зелката лани постигнала продажна просечна цена од 0,4 евра по килограм.
Лани македонската зелка се извезувала на 26 извозни пазари, но само во шест земји е остварена продажба поголема од 1 милион евра.