Глобалниот економски раст ќе достигне 5,3% оваа година со закрепнувањето од пандемијата, што е најбрза стапка во речиси пет децении, се вели во извештајот на ОН објавен во средата.
„Закрепнувањето, сепак, е нерамномерно по географска, приходна и секторска линија“, се вели во извештајот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД). „Во напредните економии, класата на изнајмувачи и рентиери доживеа експлозија на богатството, додека оние со ниски примања се борат.
УНКТАД предупредува дека креаторите на политики во напредните економии се уште не ја сфатиле големината на економскиот шок за земјите во развој. „Многу земји беа погодени многу потешко отколку за време на глобалната финансиска криза, додека нивниот сега поголем долг им го намалува просторот за фискална политика “.
Според извештајот на УНКТАД се очекува глобалниот раст да забави до 3,6% во 2022 година, оставајќи го светскиот приход 3,7% под нивото пред пандемијата, додека се проценува кумулативна загуба на приходи во периодот од 2020 до 2022 година да изнесува околу 13 трилиони американски долари.
Откако меѓународната трговија со стоки и услуги се намали за 5,6% во 2020 година, се прогнозира дека ќе порасне за 9,5% во 2021 година, додека во извештајот се додава дека „заздравувањето е крајно нерамномерно и лузните ќе продолжат да влијаат врз трговските перформанси во наредните години “