Усвоен Пакетот на мобилност кој носи големи промени за превозниците и возачите

После три години преговори, усогласување и прегласување , Европскиот парламент го усвои Пакетот за мобилност. Усвојувањето на Пакетот за мобилност ги менува европските правила за испраќање на возачи на работа, работното време на возачите, тахографите, пристап до професијата и пристап до меѓународниот пазар за транспорт.

За превозниците од земјите-членки на ЕУ од Централна и Источна Европа, ова значи поголема администрација и тешкотии во организирањето и управувањето со бизнисот.

Минатата недела, девет земји во заедничко писмо истакнаа дека одредбите од Пакетот за мобилност се подготвени „во сосема друга реалност и не соодветствуваат со моменталната состојба“. Полска, Бугарија, Кипар, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта и Романија истакнаа дека регулативите на пакетот се „рестриктивни, дискриминаторски и протекционистички“.

Од друга страна, германските и француските превозници, како и превозниците од земјите на Бенелукс, ја поздравуваат одлуката на Европскиот парламент, оценувајќи дека новите правила ќе обезбедат подобри услови за конкуренција, услови за борба против нелегалните практики и подобри услови за работа на возачите.

Што носи Пакетот за мобилност?

Превозниците ќе треба да ја организираат својата работа на таков начин што возачите кои вршат превоз на меѓународен патен сообраќај ќе мораат да се вратат дома во редовни интервали – на секои три или четири недели.

Целиот неделен одмор нема да оже да се користи во кабината на камионот, и ако возачот го користи овој одмор надвор од неговата куќа, превозникот мора да ги плати трошоците за сместување.
Тахографите инсталирани во возилата ќе се користат за евидентирање на граничнните преминувања.
За да се спречи систематско каботажа, возилото ќе мора да „одмори“ четири дена пред да изврши повеќе каботажи во истата земја.

Превозниците ќе треба да докажат дека се значително активни во земјата-членка во која се регистрирани, а според новите правила, камионите треба да се вратат во центарот за работа на превозникот на секои осум недели.
Употребата на лесни комерцијални возила со максимална дозволена маса од повеќе од 2,5 тони, исто така, ќе биде опфатена со правилата на ЕУ за превозници, вклучително и лиценцирање, како и инсталација на тахографи.

Во случај на извршување на каботажа и меѓународен транспорт, со исклучок на транзит, за билатералите со два дополнителни утавари и истовари ќе се применуваат правилата за испраќање на вработени за работа во друга земја.

Усвоените правила ќе стапат на сила откако ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ, што се очекува во наредните недели.
Правилата за испраќање на вработени на работа ќе се применуваат 18 месеци од денот на влегувањето во сила регулативата, а правилата за времето на одмор, вклучително и обврската за враќање на возачот, ќе се применуваат 20 дена од денот на објавување на регулативите.
Правилата за враќање камиони и другите измени во правилата за пристап до пазарот ќе се применуваат 18 месеци од денот на влегувањето во сила на регулативите за пристап до пазарот.

Извор:www.trans.info