Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои од полноќ се зголемуваат во просек за 8,5%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари за литар со што новата цена ќе изнесува 57,5 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,5 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 од утре ќе изнесува изнесува 59,5 денари за литар, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,427 денари за килограм.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66% или за 57,200 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.