Формиран Совет за унапредување на индустриското производство и извозот во рамки на Стопанската комора

Во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија вчера се конституираше и отпочна со работа Советот за унапредување на индустриското производство и извозот. Со тоа Комората продолжува да ги реализира зацртаните активности за компаниите во рамките на Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување на нови услуги од интерес за сите компании во нашата држава а не само за членките на Комората.
Со конституирање на овој Совет практично се заокружи и целосно се стави во функција Вториот столб преку сите конституирани совети до сега:Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот за унапредување на високото образование, Советот за напредни технологии и денешниот Совет за унапредување на индустриското производство и извоз.
Додека Првиот столб при Комората и понатаму продолжува да функционира преку Здруженијата, Асоцијациите, Групациите, Центарот за едукација, Центарот за проекти, Бизнис канцеларијата и Центарот за анализи, Втор столб ја исполнува задачата за пружање нови услуги од интерес на бизнисот и сите компании како што се консултантски услуги и лобирање за фирмите, решавање на споровите преку арбитражата и медијацијата, создавање Берза на трудот, преквалификации, создавање Школа на бизнис лидери, формирање на Институт за извоз, поврзување на странските инвеститори со домашните добавувачи….
Приоритетни цели на Советот за унапредување на индустриското производство и извоз се:
  • да изгради стратегија и методологија за развој и поддршка на извозот и индустриските капацититети во соработка со Владата на Република Северна Македонија и сите меѓународни институции кои можат да го помогнат тој процес,
  • да помогне на домашните компании да склучат договори со странските инвеститори во земјава, во согласност со пазарните услови и меѓународните стандарди,
  • Советот ја презема целокупната обврска околу учеството на Комората на специјализираните меѓународни саеми и настани како партнер на Министерството за економија во Владата на РСМ и
  • Советот ја унапредува и насочува работата на Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија.
За претседател на Советот за унапредување на индустриското производство и извозот е избран Виктор Мизо, Костал ДООЕЛ Охрид, додека за потпретседател на Советот е избрана д-р Никица Мојсовска Блажевски, Македонија 2025 огранок во Република Северна Македонија, Скопје.
Членови на Советот се: Ѓорги Тренкоски, Теламон-Европа ДООЕЛ Скопје, Александар Аризанов, Дилоит ДОО Скопје, Сава Станковиќ, Хај-теч корпорација ДОО Скопје, Проф. д-р Александар Стојков, Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ Скопје, Марта  Наумовска Грнарова, Завар компании ДОО Скопје, Проф. д-р Атанас Кочов, Машински факултет, УКИМ, Скопје и Боријан Борозанов, Џонсон Мети ДООЕЛ Скопје.
Советот за унапредување на производството и извозот ќе одржи и прес конференција на која детално ќе ја претстави Програмата и стратегијата за работа и делување во периодот кој следува.